Фудбал

ТАЖНА ВЕСТ: САУДИСКА АРАБИЈА НЕ ДОЗВОЛУВА АЛКОХОЛ НА МУНДИЈАЛОТ ВО 2034 ГОДИНА

ФИФА неодамна го додели домаќинството за Светското првенство во 2034 година на Саудиска Арабија, што значи дека по вторпат Мундијалот ќе се одржи во земја од Блискиот Исток.

Катар пред две години беше добар тест како да се одржи СП среде клупска сезона, а така ќе биде и за 10 години отсега, но овие два Мундијали ќе се разликуваат по една многу важна работа.

За разлика од Катарците кои сепак дозволија конзумирање на алкохол во фан-зоните, Саудијците нема да дозволат такво нешто. Светското првенство во тие триесетина дена ќе се проследи без пиво и останати алкохолни пијалаци кои навивачите најчесто ги консумираат пред и по натпреварите.

Алкохолот во Саудиска Арабија е забранет, а лидерите на оваа земја се поконзервативни од Катарците и поради тоа нема да сменат свој принцип за да удоволат на сите гости кои ќе дојдат од целиот свет за да го проследат најголемото фудбалско натпреварување.