Фудбал
АЛИОСКИ „ДРПНА“ ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО
Објавено на: 10.06.2021
Со Џани никогаш не е здодевно. Иако се затворени, македонските фудбалски репрезентативци наоѓаат малку простор да се „издуваат“ и кога не се на тренинзите.

Искусниот „крадливец на топки“ од Премиерлигата, се фотографираше во еден од автомобилите на романската полиција, која со задоволство го отстапи возилото.