Кошарка

ПРОБЛЕМ ЗА БАКС, НИКОЈ НЕ СЕ ВРАТИЛ ОД 3:0

Во 1:30 по полноќ, ќе се знае судбината на екипата што последните три години се залетува кон врвот, но двапати вртоглаво паѓа, лани во конференциското полуфинале, односно преклани во финалето на Истокот.

Сезонава, приказната е многу слична и само победа во третиот меч ќе значи опстанок, или револуција во четвртиот затоа што досега ниту една НБА екипа не преживеала негатива од три плеј-оф меча во една серија.

Дополнителна главоболка им е катастрофата 125:86, со 32 поена на Дјурант и само 18 на Јанис, во последното соочување. Дјурант има 26.9 поени со 7.1 скок по натпревар, Адетокумбо има 22.8 поени со 11.8 скока на последните 10 средби. Харден е повреден и не игра за Нетс.

Нетс се втори тројкаши, Бакс втори скокачи во НБА лигата, сезонава. Во плеј-офот, Нетс имаат просек од 122.4 постигнати (49.6% од поле) и 107.7 примени, со 42.4 скока, додека Бакс имаат 111.2 постигнати (46.0% од поле) и 105.3 примени поени, со 56.3 скока.