Фудбал

КАКО АЛБАНСКАТА ПОЛИЦИЈА НЕ ДОЗВОЛИ РЕКВИЗИТИ СО „УЧК“ НА „ЕР АЛБАНИЈА“ (ВИДЕО)

Балканското дерби меѓу Албанија и Србија во саботата се одигра без голови во Тирана, со еден одбранет пенал на Петровиќ пред крајот на првото полувреме, додека на трибините атмосферата беше очекувано разгорена на „Ер Албанија“ стадионот.

Домашните фудбалери добија неизмерна поддршка од трибините во сите 90 минути, а напоредно и надлежните за безбедност на натпреварот беа на потребното ниво, спроведувајќи ги беспрекорно проколите на УЕФА.

Албанската полиција не дозволи политички провокации од каков било тип, па отстрануваа знамиња на „УЧК“, како и навивачи кои носеа маици со исти натписи. Медиумите тврдат дека станувало збор за група навивачи која пристигнала од Косово специјално за натпреварот, но наместо да ја бодрат албанската репрезентација како што доликува, цел им била да провоцираат.

Истите навивачи беа отстранети од трибините и воедно од стадионот, како што може да се забележи на видеото погоре.