ТРПЕСКИ ГИ ТЕСТИРА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ ДУЕЛИ ВО НОВИОТ ТИКЕТ НА КОЛОТО
Објавено на: 10.06.2025
Јунските квалификациски дуели секогаш се добредојдени во отсутсво на клупскиот фудбал, па ако детално се разгледа целата понуда кај нас, може да се најдат доста парови со примамливи коефициенти и да се состави добитна комбинација.
Игор тоа и го стори, најде шест парови кои ќе се одиграат од денес до четврток, со надеж дека типовите за кои се одлучи ќе му донесат ќар.

АНГЛИЈА – СЕНЕГАЛ: 1+ гола во прво и 1+ гола во второ полувреме
Томас Тухел со 3/3 победи ја почна новата ера на Англија, со 5 постигнати гола и 3 чисти мрежи. Сепак, ова е пријателска средба во која можно е да се видат комбинирани состави и да се игра порастеретено, а тоа значи дека би требало да има голови и во двете полувремиња.
СРБИЈА – АНДОРА: 3+ гола
Составот на Драган Стојковиќ ги почна мундијалските квалификации со реми без голови против Албанија. Веројатноста е голема дека српскиот тим ќе слави победа вечерва, но на Трпески му се потребни барем три погодоци во која било мрежа.
БРАЗИЛ – ПАРАГВАЈ: Победа домаќин и 2+ гола
Анчелоти во својот втор меч како селектор на Кариоките ќе ја бара првата победа. Селекцијата на Парагвај е една од аутсајдерите во квалификациската група во Јужна Америка, што значи дека Бразил има добра шанса да триумфира вечерва, но и да се постигнат барем два гола на средбата.
САД – ШВАЈЦАРИЈА: Тим 2 1-2 гола
Американците веќе три меча не знаат за триумф, а пред неколку дена загбија и од Турција во пријателскиот дуел. Сега им следува нова контролка против уште една европска селекција, а од Швајцарците се очекува да ја експлоатираат одбраната на домаќините и да постигнат меѓу еден и два гола.
УКРАИНА У21 – ДАНСКА У21: 3+ гола
Добро ќе биде да има разигран старт на ЕП за играчи до 21 година, односно Украинците и Данците да се распукаат во првото коло, слично како исходите во четири од последните пет нивни меѓусебни дуели.
ЧЕШКА У21 – АНГЛИЈА У21: Тим 2 2-3 гола
Англичаните се бранители на титулата, па и оваа генерација планира да стигне далеку на првенството. За среќа, во првото коло им се падна противник по нивна мерка против кого имаат четири последователни победи, па од младите Лавови се очекува да постигнат меѓу два и три гола во оваа средба.
Вкупниот коефициент од овие шест дуели е 25.71, па со стандардниот влог на Игор од 200 денари има солидна потенцијална добивка. Имате рок до вечерва до 20:45 часот да ја искористите шифрата за брза уплата, доколку и вие сакате да го одигра нашиот предлог-тикет.
ШИФРА: W06101078104