Фудбал

АКО МУРИЊО СЕДНЕ НА КЛУПАТА, КОЛКУ ТИТУЛИ ЌЕ ОСВОИ БРАЗИЛ?

Се погласни се шпекулациите дека Кариоките ќе добијат селектор со звучно име, а последното во низата е името на стратегот на Рома, кој во минатото имаше огромни успеси со Порто, Челси, Реал Мадрид и Интер. На римската волчица и ја донесе првата реална меѓународна титула со триумфот во Конференциската лига, ако го исклучиме Купот на саемските градови кој и немаше некој значење во светот на фудбалот во минатиот век.

Освен што се појави како шпекулација, оваа информација силно одекна во бразилските медиуми. Бразилците немаат титула од 2002-та година кога триумфираа против Германија со 2:0 во финалето на СП во Јужна Кореа и Јапнија. Претходно играа финале 1998-та во Франција, односно триумфираа во САД во 1994-та година. Најфудбалската нација на светот со 5 светски круни, одамна не е конкурент за највисок пласман на фудбалските мундијали.

Дали стилот на Мурињо одговара на карактерот на Бразилците? Дали можат да се адатптираат фудбалерите на него, односно тој на нив? Дали има логика во евентуален ангажман на Жозе Мурињо по неговата последна изјава дека денешните млади фудбалери се „дечишта“, а поранешните на нивни години биле мажи? Мурињо изјави дека сака да биде селектор, ја одби Португалија поради договорот со Рома кој е валиден до 30-ти јуни 2024-та година.

Има ли место за љубовна приказна меѓу двете страни кои го зборуваат истиот јазик?