Фудбал

САМПДОРИЈА ЕМОТИВНО ГО ИСПРАТИ ВИАЛИ ВО ВЕЧНОСТА

Симбол на клубот, синоним за карактерот на легендарниот фудбалски колектив, фудбалски светец во Џенова – тоа беше Џанлука Виали за навивачите на Сампдорија, кои со огромна тага во срцата му кажаа збогум на можеби најдобриот фудбалер кој го носел нивниот дрес.

Во времето на Виали (1984-1992) овој клуб ги освои единствените две титули – во првенството на Италија (1991) и во меѓународни рамки во КПК (1990). Виали тогаш беше најдобар поединец во калчото и стрелец на двата гола во финалето против Андерлехт. Со него во составот, Сампдорија ги освои и првите три (од 4) трофеи во Купот на Италија.

Играчите на Сампдорија го носеа неговото име на дресовите, му беше оддадена и почит со минута молчење, за човекот кој прерано си замина од овој свет, на 58-годишна возраст, кој целиот свој живот му го посвети на фудбалот во блескава и уникатна кариера без ниту една црна дамка.

Навивачите не можат да го заборават она што Виали го направи за нив:

Пораки со љубов и емоции, беа истакнати насекаде:

Еден е Џанлука Виали. Слава му…