Фудбал

ПОТЕР КАКО ДОНЧО, ОБАМЕЈАНГ КАКО ВЕСЕЛИНОВСКИ

Фудбалерот на Челси доживеа сурова судбина на големото дерби против Манчестер Сити, кое се одигра на стадионот Стемфорд Бриџ. Тренерот на домашната екипа, го посрамоти расниот напаѓач пред очите на целата фудбалска јавност. Дали Обамејанг згреши што дојде во редовите на сините?

Не се работи за тренерско незнаење, туку за сурова одлука на еден фудбалски стратег кој предводи елитна екипа. Уште од почетокот, Обамејанг не му беше планиран на Греем Потер во стартниот состав, но „мораше“ ли да го внесе во игра во 5-та минута како замена за повредениот Стерлинг?

Во 68-та минута, веднаш по примениот гол три минути прехтходно, Потер „одеднаш“ реши да внесува млади фудбалери во игра. Чуден беше текот на целиот овој меч, чудни беа примениот гол и (не)реакцијата на голманот Кепа, воедно чудни беа и енергиите на теренот кои практично ги немаше.

Овој потег на стратегот на Челси, не потсети на потегот на нашиот селектор Андон Дончевски кој на квалификацискиот меч против Шпанија во 1995-та година, прво го внесе во игра Драган Веселиновски во 57-та минута, за да го извади во 78-та, во времето кога имаше само три замени…