Фудбал

АВТОГОЛОТ НА ИПСВИЧ БЕШЕ ДОВОЛЕН ЗА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ДА ГО НАДМИНЕ ЛИВЕРПУЛ

Манчестер јунајтед убедливо со 5:2 го победи Ипсвич во меч на кој клучниот момент се случи на почетокот на второто полувреме. По првиот дел беше нерешено 1:1, а во 56 минута Црвените ѓаволи поведоа со 2:1 и тоа благодарение на автоголот на Џејкоб Гривс.

Токму овој автогол ја разниша дефанзивната линија на гостите, па фаворитот до крајот постигна уште три гола за водство од 5:1. Во последните моменти од средбата гостите погодија за конечни 5:2.

Овој автогол на Гривс го искачи Манчестер јунајтед на врвот на една интересна листа. По рекорден 80-ти пат Манчестер јунајтед се радуваше на погодок што сам си го дал еден противнички играч. Претходно лидер на оваа листа беше Ливерпул, кој успеал да ги „натера“ противниците да си дадат автогол вкупно 79 пати во Премиер лигата.