Фудбал

КОМО Е СО ДОБРИ ШАНСИ ДА ГИ КОМИРА СИТЕ ВО СЕРИЈА А

Во италијанската Серија А се одиграа две кола, а според постигнатите резултати може да се очекува возбудливо првенство. Покрај традиционалните гиганти кои без разлика на формата, секогаш се очекува да победуваат и се меѓу кандидатите за висок пласман, сега има еден тим кој се вмешува меѓу елитата.

Тоа е екипата на Комо. Во минатата сезона, на изненадување на многумина, Комо заврши на четвртото место на табелата и обезбеди место во Лига на шампиони. Во новата сезона Комо започна со реми кај Удинезе, а потоа ја покажа цела сила и славеше над Наполи на „Армандо Марадона“ на гости со 2:1.

Оваа победа над Наполи на гости не е изнеенадување, ако се знае дека суперкомпјутерот кога правеше пресметки какви се шансите за Комо да ја освои титулата, се најде на третото место.

Актуелниот првак Интер е со најголеми шанси да го одбрани тронот и има 34,9 отсто шанси пак да биде првак. Потоа следува Рома со 13,1 отсто шанси да е првак, а Комо е на третото место со 12,6 отсто шанси да биде шампион. Зад Комо се гигантите Јувентус, Напиоли, Милан…

Комо никогаш не бил првак во Серија А. Последен пат во Топ 5 лигите кога шампион бил клуб кој никогаш претходно не бил на тронот, се случи во 2016 година кога Лестер направи чудо во англиската Премиер лига. Новата сезона тукушто започна и уште е рано да се зборува за титула, но ако некој клуб кој никогш не бил првак на својата земја во Топ 5 лигите, тоа секако е Комо.