Фудбал

102 КИЛОГРАМИ И 8% МАСТИ: ВАКА СЕ ХРАНИ ИБРАХИМОВИЌ

Златан Ибрахимовиќ ја заврши професионалната фудбалска кариера, но очигледно не се откажа од навиките кои со години му овозможуваа да биде во врвна физичка форма.

На 44 години, поранешниот шведски репрезентативец и понатаму редовно тренира, а неодамна објави фотографии од теретана со порака дека за него нема одмор.

Покрај тренинзите, големо внимание посветува и на исхраната.

Ибрахимовиќ своевремено призна дека на почетокот од кариерата воопшто не размислувал премногу за храната. Кога пристигнал во Ајакс, фудбалерите практично јаделе што сакале, но со текот на годините неговиот пристап целосно се променил.

Денес е поинаку. Знам што можам да јадам во зависност од нивото на мојата физичка активност.

Според италијанските медиуми, неговото мени главно се базира на немасно месо, како пилешко, мисиркино и зајачко, како и брезаола, свежо овошје, зеленчук и житарки. Предност им дава на свежите и сезонските намирници, а особено внимание посветува на количината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@zlatan)

Во текот на професионалната кариера, Ибрахимовиќ наводно ги мерел одредените намирници за прецизно да ги приспособи порциите на своите енергетски потреби.

Од друга страна, во најголем дел избегнува преработена и однапред подготвена храна, рафиниран шеќер, слатки и пржена храна.

Неговиот режим, сепак, не значи дека никогаш не си дозволува нешто поинакво. Исхраната ја приспособува на тренинзите и физичката активност, а повремено си дозволува и оброк по избор. Еден од неговите фаворити е пицата.

Ибрахимовиќ има и неколку традиционални омилени јадења. Меѓу нив е шведското јадење фалукорв со макарони, а во минатото открил дека сака и лиснати со цимет и чоколаден чипс.

Колку внимание посветувал на физичката подготовка покажува и една негова поранешна изјава.

Имам 102 килограми, но само осум проценти телесни масти.

Иако повеќе не мора да се подготвува за натпревари секоја недела, Златан очигледно продолжува со режимот кој го следеше во голем дел од кариерата. Тренингот, дисциплината и внимателно избраната исхрана остануваат дел од неговото секојдневие.