ШОУ НА „КАМП НОУ“: БАРСЕЛОНА СО 7:0 ГО ПОБЕДИ РЕАЛ МАДРИД (ВИДЕО)
Објавено на: 05.10.2026
Во меч од шпанското фудбалско првенство за жени, фудбалерките на Барселона немаа милост и со убедливи 7:0 го победија големиот ривал Реал Мадрид. Кога се работи за женска конкуренција, Реал не може да парира на Барселона, а тоа уште еднаш се потврди синоќа.
Од самиот почеток Барселона тргна фуриозно, а најрасположена за игра беше Клаудија Пина која постигна четири голови во првото полувреме (4, 28, 32 и 45 минута). Еден гол во првиот дел даде Хансен.
Во второто полувреме Барселона сопре во ритамот и се израдува само на два гола, а стрелци беа Пажор и Шертаниеб.