Фудбал

РОНАЛДО АКО САКА, МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ

Португалскиот селектор Жорге Жесус му остави вратата отворена за враќање во националниот тим на 41-годишниот Кристијано Роналдо.

„Не знам што ќе се случи, сè е отворено. Тој треба да одлучи за својата иднина. Ако сака да биде во репрезентацијата, ќе се врати кога сака – зошто да не? Тоа беше недоразбирање и мислам дека лесно може да се реши. Што се однесува до мене, сè е во ред“, изјави Жесус.

Се појавија неофицијално информации дека Роналдо догодина сепак повторно би играл за Португалија, бидејќи желба му е 1.000-тиот гол во кариерата да го постигне во дресот на репрезентацијата.