ВО СТРУЧНИОТ ШТАБ НА ЗИДАН ЌЕ ИМА ДУРИ 26 ЛУЃЕ
Објавено на: 16.09.2026
Зинедин Зидан ќе има исклучително бројна екипа во стручниот штаб на француската репрезентација. Француската фудбалска федерација (ФФФ) објави дека новиот селектор ќе работи со вкупно 26 лица.
Зидан во јули официјално беше назначен за наследник на Дидие Дешан, а сега е познат и составот на неговиот стручен штаб.
Дејвид Бетони и Хамиду Мсаиди ќе бидат негови помошници, легендарниот Фабиен Бартез ќе биде тренер на голманите, додека Артур Ошед ќе биде задолжен за физичката подготовка.
Во штабoт на Зидан ќе има и видеоаналитичар, советник за стратегија и перформанси, лекари, физиотерапевти, остеопат, офицер за безбедност, лице задолжено за комуникација со Министерството за внатрешни работи, како и раководител за логистика и безбедност.
Нов портпарол на репрезентацијата ќе биде Ксавиер Жиродон, поранешен новинар на „Канал+“.
Зидан на селекторската функција го наследи Дидие Дешан, кој ја водеше Франција од 2012 година и со „триколорите“ освои светска титула во 2018 година, светско сребро во 2022, европско сребро во 2016, како и трофејот во Лигата на нации во 2021 година.
„Француската репрезентација беше единственото нешто што го посакував“, изјави Зидан по официјалното назначување.