Фудбал

РОНАЛДО ВО ЈАНУАРИ СИ ОДИ ОД АЛ-НАСР?

Саудискиот новинар Сауд Ал-Сарами објави дека ѕвездата на АлНаср, Кристијано Роналдо, би можел да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

Верувам дека Кристијано Роналдо ќе го напушти АлНаср во јануари, објави Ал-Сарами.

Португалецот кој има 41 години и е најдобар стрелец во историјата на фудбалот, игра за клубот од Ријад од почетокот на 2023 година. Кристијано и самиот најавуваше дека може да ја заврши кариерата во 2027 година.