ТРЕНЕР ОД ИСТИОТ ГРАД КАКО И ЛИОНЕЛ МЕСИ Е НОВИОТ ПРЕДВОДНИК НА ИНТЕР МАЈАМИ
Објавено на: 16.09.2026
Аргентинскиот стручњак Кили Гонсалес е нов тренер на Интер Мајами, со кој потпиша договор до јуни 2028 година.
Клубот потврди дека Гонсалес ќе го преземе тимот, откако претходно беше најавено дека ќе ја започне работата по добивањето на потребните дозволи за работа во САД.
Она што е интересно, Гонсалес не само што е нов Аргентинец на клупата на Интер Мајами, туку доаѓа од истиот град како и Лионел Меси, Росарио.
Гонсалес доаѓа во незгоден момент за Интер Мајами. И покрај присуството на Лионел Меси и други искусни фудбалери, тимот победи само на еден од последните пет натпревари во регуларниот дел од сезоната. Интер е втор во Источната конференција, со девет бода помалку од лидерот Нешвил.
Како фудбалер, Гонсалес одигра 56 натпревари за Аргентина, а настапуваше за Росарио, Бока, Сарагоса, Валенсија, Интер и Сан Лоренцо. Тренерската кариера ја започна во 2020 година, а ги предводеше Росарио, Унион Санта Фе и Платенсе.