Фудбал

ГОЛОТ НА ЕЛМАС ПРОТИВ АТАЛАНТА (ВИДЕО)

Доколку пред неколку кола се шегуваше на своја сметка дека неговото место е на клупата на Наполи, денес како стартер веднаш докажа дека Спалети треба да смета на него со поголема минутажа.

Елиф Елмас го постигна водечкиот гол на Наполи во Бергамо, откако наполитанците губеа со 1:0 по пеналот на Аталанта кој беше успешно изведен од Лукман. 4 минути подоцна Осимхен израмни, а комплетен пресврт донесе нашиот дијамант, кој одлично се снајде меѓу тројца и со дриблинг, па шут ја матираше одбраната на Аталанта.

Погледнете го неговиот гол од пред малку: