Фудбал

ИМА ЛИ ВО МОМЕНТОВ ПОДОБАР „СРЕДЊАК“ ОД ВАЛВЕРДЕ?

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид ја игра сезоната на кариерата, едноставно е неприкосновен и незаменлив во составот на Кралскиот клуб, а се наметнува и како еден од најдобрите играчи на неговата позиција, во светот.

Моменталната статистика на уругвајскиот фудбалер, е следнава:

18 натпревари
8 гола
4 асистенции

Кој од кој поубав погодок, која од која поубава асистенција, кој од кој подобар натпревар. Да не зборуваме за сигурноста што ја влева кај колегите, кога е на тревата. Знаете ли некој играч од средниот ред, што во моментов е во подобра форма од Федерико Валверде?