Фудбал

ЧАВИ: ПИKЕ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ПОВЕЌЕ КОРИСЕН

Како гром од ведро небо одекна веста дека долгогодишниот член и капитен на Барселона се повлекува од фудбалот оваа недела.

Денешниот дуел против Алмерија ќе биде неговиот последен во кариерата, а неговиот тренер и поранешен соиграч Чави, откри зошто Пиќе се повлекува.

Ја имав таа среќа да му бидат и соиграч и тренер. Секогаш беше пример за сите, не правеше никакви проблеми и се залагаше 100% на секој тренинг.

На прес конференцијата го запрашаа и зошто добивал се помалку минутажа од него.

Ова лето разговаравме и му ги кажав моите планови. Верувајте, тоа беше еден од најтешките мои моменти во кариерата. Тој ја донесе оваа одлука откако увиде дека повеќе не е корисен и мисли дека ова е правиот момент. Можеше да седи на клупа, да не игра и да зема милиони, но сака да остане запаметен како легенда на Барселона.

Претходно оваа недела беше објавено дека Пиќе ги отпишал 30 милиони евра кои Барселона му ги должи на него, со цел да му помогне на клубот во финансиското стабилизирање.

Лесно во пензија маестро!