Фудбал

МОТЛИ ПО НАСОКИТЕ НА ЏР СМИТ, ГУДУРИЌ ПОБУДАЛЕ КАКО ЛЕБРОН

Веќе нема непоразени екипи во Евролига, сезонава. Благодарение на неверојатниот потег на можеби најдобриот кошаркар на Фенербахче на гостувањето кај Барселона, кој се претвори во трагичар.

Мотли постигна 23 поени, повеќе од него имаше само Лапровитола во победничкиот табор, но американскиот интернационалец нема да спие вечерва затоа што направи непромислен потег.

Барса водеше три разлика, Фенер имаше топка, Гудуриќ се заглави и му подаде на Мотли, кој наместо да се обиде за три затоа што имаше каква-таква позиција, влезе под кошот и пирово заби за 81:80.

Ова потсеќа на лудиот потег на ЏР Смит во финалето против Вориорс, кога Кавалирс загубија добиен натпревар, а потоа ја загубија пресметката за титулата во таа сезона 2017/18-та: