ЛУКА ДОНЧИЌ УШТЕ ЕДНАШ НАЈАВУВА РЕВОЛУЦИЈА
Објавено на: 03.11.2022
Белото момче од кое ретко кој очекуваше да завладее со НБА паркетите, барем не толу брзо, покажува дека неговиот успех и неговата кариера не се развиваат случајно, туку консистентно и во нагорна линија.

Потенцијалот што во себе го носи словенечкиот интернационалец кој има 23 години, беше докажан со следниот податок:
Лука Дончиќ е само третиот кошаркар во историјата на НБА лигата, кој ги почнал првите 7 натпревари со преку 30 постигнати поени. Првите двајца се Џек Твиман и Вилт Чембрлен во 1959-та година, а Чембрлен го повтори истото и во 1962-та година.

Ниту Лери Бирд, ниту Меџик Џонсон, ниту Мајкл Џордан, ниту Коби Брајант, ниту Леброн Џејмс… не успеале да ја почнат сезоната со седум 30+ натпревари.
Каде се границите на Лука?