Фудбал

АКО ОНА НА РЕАЛ БЕШЕ ПЕНАЛ, ТОГАШ ОВА ЗА ИНТЕР СЕ ДВА

Чуден е животот на судиите. Не постојат двајца кои ќе донесат иста одлука за една иста ситуација. Неверојатно е колку се нејасни правилата на фудбалот, за обичниот човек.

Садио Мане ОЧИГЛЕДНО НАМЕРНО играше со рака во својот шеснаесетник и влијаеше на траекторијата на топката, без разлика што се бранеше да не биде погоден во лицето.

Еве што беше досудено во шпанското првенство, во корист на Џирона против Реал. Сенегалецот спречи чист гол, Интер е оштетен за пенал. Како ќе заврши мечот на Алијанц Арена?