Фудбал

УЕФА ДА (СЕ) РЕШИ: ШТО Е РАКА И КОГА Е РАКА?

Правилата на УЕФА се јасни, но воендо и не се јасни. Раката е рака кога играш со неа, но не е рака кога играш откако удрила во друг дел на твоето тело.

Без разлика дали удрила во друг дел на телото на фудбалерот, сепак е рака. Рака е кога има намера, но рака е и кога нема намера. Рака е во шеснаесетникот, но рака и не е во шеснаесетникот…

Кога, како, што? Фудбалерот на Реал Мадрид ја повика УЕФА:

Рака која не е рака, ни објаснуваа на почетокот на сезоната. Не ми се веруваше што беше досудено денеска…

Реал прими гол од Џирона во 80-та минута и со тоа практично загуби два бода. Се уште е лидер и овие два бода не мора, но воедно и може да бидат пресудни на крајот. Што ако се неправедно одземени?

Беше ли рака, беше ли пенал? Треба ли да се дискутира за тоа што поминало? Можеби и треба, за да се сопре неправдата во мечевите кои доаѓаат…