Фудбал

СУДИИВЕ ПОЛУДЕЛЕ ДЕНЕСКА – ПА НЕМАШЕ ЛИ ФАУЛ ОД МЕСИАС?

Милан се бори сезонава да ја одбрани титулата која ја освои минатата, по пауза од 2011-та година. Најголем ривал му е Наполи кој му бега три бода, но ако забележи реми или пораз во ова 12-то коло кај Торино, тоа ќе значи голем чекор наназад за актуелниот шампион.

Откако Леао се изнапромаши во првото полувреме и не се знае која топка отиде подалеку од стадионот на домаќинот, составот на Торино поведе со 2:0. Месиас намали на 2:1, но под крајно контроверзни околности, со сериознен знак прашалник дали имаше фаул?

Очигледно беше дека фудбалерот на Милан турка со рацете, но најверојатно немало доволно интензитет, како што сакаат да кажат судиите, кои имаат мерач на интензитет во џебот. Ова е втора контроверзна одлука на арбитрите ширум Европа во текот на денешниот ден.

Првата беше на мечот меѓу Реал Мадрид и Џирона.