Фудбал

БАВАРЦИТЕ ГО БАРАА И МЕСИ

Во текот на гостувањето на Баерн Минхен кај Барселона на Камп Ноу, од највисоката трибина на која секогаш седат гостинските навивачи, таму горе со чавките во облаците, навивачката елита на минхенската машинерија го побара и симболот на Гордоста од Каталонија, да потсетат што можат и кога тој е во составот:

Се сеќаваме на историската победа 2:8 во полуфиналето во Лигата на шампионите, последната сезона кога Баерн Минхен стана европски шампион, во корона-сезоната во Лигата на шампионите Во 2020-та година. Тогаш Барселона играше со помал дел од фудбалерите кои ги смета за членови на најсилната генерација во својата историја.