Фудбал

ДВА ГОЛЕМИ ТРАНСФЕРА НА ПОВИДОК, ВКЛУЧЕНИ СЕ РОНАЛДО И НЕЈМАР

Манчестер Јунајтед најверојатно ќе го ослободи Кристијано Роналдо да си замине во јануарскиот преоден рок – БЕСПЛАТНО.

Ова се случува по реакцијата на португалскиот напаѓач, на мечот со Тотенхем кога си замина од трибината пред да заврши натпреварот. Зошто тогаш ја мачеа легендата на клубот, во текот на летниот период и во текот на првата фаза од сезоната, кога можеше реално да заработат нешто?

Челси го сака Нејмар во 2023-та година, лондонските сини се СЕРИОЗНО заинтересирани да потпишат со Бразилецот.

ПСЖ во текот на летниот период им понуди да го позајмат бразилскиот напаѓач, но преговорите запнаа околу еден дел од неговата плата која надминува 10 милиони евра. Сега, Челси е подготвен да го плати целиот пакет кој чини околу 40 милиони евра, за потпишување договор во новата година.