Фудбал

ЌЕ БИДЕ ЛИ ФИНАЛЕТО НА СП НАТПРЕВАР БРОЈ 1.000 ЗА МЕСИ?

Аргентинскиот ас полека доаѓа на залезот на неговата кариера, репрезентативна сигурно, но и клупска. Лионел Меси (1987) веќе најави дека СП во Катар е биде неговото последно во дресот на гаучосите.

Соиграчите на виртуозот кој израсна во академијата и првата екипа на Барселона, а сега настапува за ПСЖ што е само втор клуб во неговата богата кариера, најавија дека ќе сторат се, тој да го памети по добро мундијалот во Катар.

Ако одигра 5 од наредните 6 средби за ПСЖ пред СП, тогаш Меси ќе има 988+5=993 натпревари во кариерата. Тоа значи, дека финалето на мундијалот може да биде неговиот меч број 1.000.

Ќе се оствари ли ова лудо чудо во фудбалот, заслужи ли Меси таква чест?