Кошарка

ГАСОЛ: СЕ НАДЕВАМ ДЕКА КОБИ ЌЕ ГО ГЛЕДА ФИНАЛЕТО ОД НЕБОТО

Пау Гасол денес ќе има можност за прв пат во кариерата да игра за најсјајниот кошаркарски трофеј на стариот континент.

Само 3 месеци по доаѓањето во Барселона, негов втор престој во клубот, еден од најголемите и најтрофејните европски кошаркари на прес-конференција пред дуелот со Анадолу Ефес беше запрашан за неговиот „мамба-менталитет“.

Не, јас не сум Коби. Коби играше до последните сили, без разлика дали е финале или обичен натпревар. Тој беше посебен, дури и во неговиот последен натпревар. Според мене, тој е најголемиот кошаркар на сите времиња. Јас сум сосема друг кошаркар, но во финалето ќе правам се што ќе ми каже тренерот и ќе им помогнам максимално на моите соиграчи.

За крај заврши:

Се надевам дека Коби ќе ме гледа таму горе од небото.

Големото финале во Ланксес арената во Келн се игра вечерва од 20:30 часот, а највисоките коефициенти за овој натпревар и најголемата понуда погледнете ја на следниот линк.