ВРЗ ГВАРДИОЛА ИМА ЦРНА АФРИКАНСКА КЛЕТВА?
Објавено на: 30.05.2021
Пеп Гвардиола беше на чекор до освојување на Лигата на шампионите со Манчестер Сити, но пред него се исправи Томас Тухел и фудбалерите на Челси.
По завршувањето на натпреварот, низ интернет просторот почна да се врти изјавата на агентот на Јаја Туре од 2018 година, кој го напушти Сити токму поради несогласувања со Шпанецот.
Легендарниот Туре откако го напушти Сити го обвини Гвардиола дека има проблем со Африканци, бидејќи каде и да оди влегува во конфликт со фудбалери од црниот континент.
На изјавата на Туре се надоврза и неговиот агент кој изјави
Убеден сум дека врз Гвардиола ќе биде фрлена црна магија од некој африкански духовен водач (шаман). Многу африкански играчи ќе застанат на неговиот пат и тој нема да успее никогаш да ја освои Лигата на шампионите. Тоа ќе биде еден вид на африканска клетва врз него. Времето ќе покаже дали сум во право.
изјави Дмитри Селук.
Дали на крај ќе испадне дека е во право?