Фудбал

СУНЕС УДРИ МАТЕМАТИКА: НА ХАЛАНД МУ ТРЕБААТ ДВА ЖИВОТА ДА ГО СТИГНЕ РОНАЛДО

Едноставната математика вели вака: Кристијано Роналдо прв ја проби границата од 700 клупски голови и треба веќе да не постигнува погодоци, а не знаеме до кога ќе игра, за да може Ерлинг Халанд да го стигне во остварувањето по кое португалскиот ас е раритет.

Притоа, норвешкиот напаѓач ќе треба да постигнува во просек по 43 гола по сезона и да игра додека не наполни 38 години, односно во наредните 16 години, под претпоставка дека во тој период нема да се повреди и дека ќе го издржи притисокот на професионалниот живот.

Греем Сунес имал петка по математика во основно?