Фудбал

НА РАШФОРД БЕШЕ РАКА, А ОВА НЕ БЕШЕ ПЕНАЛ?

На фудбалерот на Манчестер Јунајтед му беше поништен чист гол, за кој и поранешните фудбалери реагираа дека играта со рака била апсолутно ненамерна и не била во спротивност со духот на фудбалската игра.

Од друга страна, за овој момент (подолу) на натпреварот меѓу Арсенал и Ливерпул – во кој домашните постигнаа три гола за конечните 3:2 од кои победничкиот беше од сомнителен пенал по ударот во нога кој го „изглуми“ (постоеше, но беше смешен) Жезус – немаше пенал.

Што мислите, имаше пенал или немаше, при играта со рака на Габриел?