ПУЛЕНОТ МУ ПРОРАБОТЕ, НО ИКОНАТА МУ ДОКАЖА
Објавено на: 10.10.2022
Најновата скапа аквизиција на Манчестер Јунајтед постигна погодок, исто како и иконата на клубот кој севкупно земено е најскапиот фудбалер на црвените ѓаволи, со што се остварија две спротивставени тврдења на новиот тренер на клубот со најмногу трофеи во Премиерлигата.

Ентони изедначи на 1:1 во дуелот со Евертон на Гудисон Парк, додека Кристијано Роналдо ги постави конечните 1:2 со што Јунајтед прокнижи три бода од тешкото гостување во Ливерпул. Бодовите со малите екипи се пресудни за конечниот плсаман на табелата, тоа е докажано.

Да биде впечатокот поголем и поубедлив, за победничкиот гол асистираше Касемиро, некогашниот соиграч на Роналдо од Реал Мадрид, кој исто како и португалскиот ас ја грее клупата по доаѓањето на Олд Трафорд. Ќе се освести ли тренерот Ерик тен Хаг?

Точно е дека токму холандскиот стручњак инсистираше на 100-милионското засилување во името на Ентони, но и Кристијано Роналдо, односно Касемиро не го кажал(е) последниот збор во кариерата, што значи мора да се користат нивните способности за освојување трофеи.