Мотоспорт

НЕПРИФАТЛИВО, ВАКА ЗАГУБИВМЕ ЖИВОТ

Возачите во Формула 1 шампионатот остро реагираа на кран-возилата кои се појавија на патеката за време на сејфти-кар процедурата, поради хаосот што го создаде дождот на јапонската Сузука:

Викаа, пцуеја и протестираа преку тимските радија, затоа што не биле информирани дека на патеката ќе се појават два трактора кои тргнаа да ги отстранат судрените возила на Саинц и Албон.

Како да ви објансиме дека не сакаме да видиме товарни возила на патеката? Се надеваме дека ова е последен пат. Загубивме живот во 2014-та, беа најчестите коментари на Ф1 возачите.

Ферстапен победи и ја освои титулата по реакцијата на стјуардите кои го санкционираа Леклер. Сепак, останува прашањето дали раководството на Ф1 ќе поработи и на безбедноста на пилотите?