МИЛАН НАВИСТИНА ВЛАДЕЕ СО ИТАЛИЈА
Објавено на: 08.10.2022
Екипата на Пиоли царува на Апенинскиот полуостров во новата сезона, нешто слично како и минатата. За само 9 кола, Милан ги спакува и Јувентус (2:0) и Интер (3:2), двата клуба кои меѓу себе го играат (неправедно останато од минатото) т.н. „Дерби на Италија“.

Иако не е на лидерската позиција во Сериа А затоа што Наполи и Аталанта имаат по 20 бода, колку што имаат и росонерите со натпревар повеќе, сепак тешко е да се поверува дека споменатите две екипи ќе имаат кондиција да се тркаат со актуелниот шампион.

Стратегот на Милан сезонава се уште го нема(л) на располагање најдобриот состав и се уште новите играчи се аклиматизираат на стилот на игра на тимот од Сан Сиро. По овој триумф, прашањето на денот е „има ли сили Милан да ја одбрани круната“?