Мотоспорт

КАКО МАКС ГО ОДБРАНИ ТРОНОТ?

Холандскиот возач од редовите на Ред Бул ја освои шампионската титула за 2022-та година, со што го одбрани пехарот освоен минатата сезона кој конкуренцијата се обиде да го оспори со наводни докази за пречекорување на буџетот (од страна на Ред Бул) дозволен од ФИА.

Макс Ферстапен триумфира на јапонското Гран При кое се возеше на легендарната Сузука, на која поради дожд се извозеа само 28 круга од предвидените 53. Шарл Леклер од Ферари заврши втор, но стјуардите го казнија 5 секунди со што Холанѓанецот има недостижна разлика во поредокот.

Возачите беа два часа на патеката, со што беше постигнат временскиот лимит. Имаше неколку несакани последици предизвикани од дождот, судари и излегување на товарните возила кои требаше да ги отстранат оштетените болиди, на што жестоко реагираа пилотите.

До крајот на Ф1 шампионатот има уште 4 трки, кои ќе се возат во Остин, Мексико Сити, Сао Пауло и Абу Даби, но истите ќе бидат само формалност. Ферстапен има 366 пред Серхио Перез кој има 253 бода. Ред Бул има 619, пред Ферари со 454 бода кај конструкторите.