Кошарка

НОВА СЕЗОНА, НОВ ЈАС, СО ПОВЕЌЕ ТРИКОВИ ВО РАКАВОТ

Зајон Вилијамсон беше најавуван како нова голема НБА ѕвезда кога премина од универзитетската екипа на Дјук, во редовите на Њу Орлеанс Пеликанс.

Што поради „зелениот ум“ кој го имаат сите млади кошаркари кои доаѓаат на сцената, што поради повреди, тој никако не можеше да ги оправда очекувањата.

Но, во претсезоната покажува дека стекнал искуство и нови вештини. Може ли да завладее со НБА лигата, како што му предвидуваа аналитичарите преку Океанот?