ЗАБОРАВЕНИОТ ЈУНАК СЕ УШТЕ ИГРА ВРВЕН ТЕНИС
Објавено на: 08.10.2022
Српскиот тениски ас падна на ранкинг листата на АТП, не му дозволуваат да игра на големите турнири во Австралија и во САД, светот на тенисот се преврте наопаку.

Но, Новак Ѓоковиќ оди таму каде што „го сакаат“, и се уште покажува врвен тенис против силни имиња од професионалната фела:
A @DjokerNole special! 💥@ktf_kz | #AstanaOpen pic.twitter.com/8p9iNmXcGx
— ATP Tour (@atptour) October 7, 2022
Поранешниот до скоро неприкосновен тениски рекет број 1 го победи Качанов во 1/4 финалето и ќе игра со Медведев во 1/2 на АТП 500 турнирот во Астана, Казахстан.
Ќе се врати ли Ноле на врвот?