Кошарка

НЕВЕРОЈАТНИОТ ЛУКА НЕ БЕШЕ ДОВОЛЕН

Клиперс поведоа со 2:1 во плеј-оф серијата во НБА лигата, со победата 118:108. Лука Дончиќ имаше 44 поени со по 9 скока и асистенции за Далас, но Каваи Ленард на спротивната страна парираше со 36 поени.

За одбележување во НБА ноќта е и личниот рекорд од 50 поени на Џејсон Тејтум, за победа на Бостон против Бруклин со 125:119 и намалување на 2:1 во плеј-оф серијата на Истокот.