Кошарка

КУМАШИНЧЕТО НА ЏОРДАН ЈА ОДНЕСЕ БАРСА ВО ФИНАЛЕТО

Со кош во последната секунда од полуфиналната пресметка против Олимпија Милано, Кори Хигинс и донесе на Барселолна меч за титулата во Евролига, на Фајнал-форот во Келн.

За оние што не знаат, таткото Род беше кошаркар и бил најдобар пријател со Мајкл Џордан, а неговото височество му е кум на Кори. За оние што не гледаа, повелете:

Барселона победи со 84:82 и во финалето ќе игра против екипата на Ефес Пилсен, која славеше против ЦСКА Москва.