НЕЈМАР ВО ОДБРАНА НА ВИНИЦИУС – ТАНЦУВАЈ БРАТУ
Објавено на: 17.09.2022
Поранешниот фудбалер на Барселона застана во одбрана на сонародникот и член на екипата на Реал Мадрид, пред големото мадридско дерби. Омразата меѓу мадридските клубови е на екстремно високо ниво и се пренесува на сите сегменти од животот.

На два дена пред дербито кое се игра в недела, фудбалерите на Атлетико упатија закани кон напаѓачот на Реал:
Ако реши да танцува во случај да постигне гол, тоа е негова одлука. Но, ќе има неволји, тоа е нормално и се подразбира. – рече Коке.
Ѕвездата на Реал Мадрид беше цел на „напади“ од страна на фудбалерите на Мајорка на последниот меч во Ла Лига, на кои не остана имун и малку недостасуваше да зовријат страстите на мечот.
Во одбрана на Винициус Јуниор застана играчот на ПСЖ, кој кратко твиташе:
BAILA VINI JR @vinijr
— Neymar Jr (@neymarjr) September 16, 2022
Како ќе заврши мечот Атлетико Мадрид – Реал Мадрид?