Кошарка

ШРЕДЕР СЕ ВРАТИ ПО НАЛОГ НА СТАРИОТ ТРЕНЕР, КАКО ЌЕ РЕАГИРА ВЕСТБРУК?

Слободниот агент и една од двете најтрофејни НБА франшизи постигнаа договор за повторна соработка. Германскиот репрезентативец се враќа во редовите на 17-кратниот шампион.

Договорот е потпишан на една година, со вредност 2.64 милиони американски долари. Лејкерс го официјализираа дилот на нивниот твитер акаунт:

Генералниот менаџер Роб Пелинка и тренерот Дарвин Хем му соопштија на Расел Вестбрук дека ростерот од 14 играчи ќе биде пополнет со враќање на Шредер.

Реакцијата на Вестбрук се уште не е позната. Хем и Шредер соработуваа 5 сезони во Атланта Хокс.