Фудбал

БЕКАМ ЧЕКАЛ 12 ЧАСА ЗА ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ СО КРАЛИЦАТА

Светот веќе нема да биде ист. Ја нема Кралицата Елизабета Втора, на тронот е Кралот Чарлс. Колку ова ќе влијае на светскиот поредок, останува да видиме во деновите, месеците и годините што доаѓаат.

За Англичаните и за останатите под круната, ова е настан што значи многу за традицијата, за наследството и за нивните вредности, па секој сака барем за момент да се поздрави со кралицата.

Дејвид Бекам застанал во редот во 02:00, чекал 12 часа да се поздрави со Елизабета, крај ковчегот кој е изложен со цел секој еден што ќе дојде на ред, да ја испрати англиската кралица:

Погребот е в понеделник.