Останато

ОДБОЈКАРИТЕ ГИ ДОБИЈА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕП

Нашата одбојкарска репрезентација, која вторпат во низа ќе настапува на континенталниот собир, ќе игра во групата во Тампере против селекциите на Финска, Русија, Холандија, Турција и Шпанија.

Мечевите на ЕП што се игра во Полска, Чешка, Финска и Словачка, се играат од 1-ви до 19-ти септември. Дуелите во групната фаза ќе се играат до 11-ти септември, по што следуваат елиминациските натпревари.

Фото: eurovolley.cev.eu