Фудбал

ВЕНГЕР ОТВОРА СТАРИ РАНИ – ЧЕЛСИ БЕШЕ ПРВА ЕКИПА ШТО СЕ РАСФРЛАШЕ

Францускиот стратег кој долги години беше на чело на Арсенал, но не освои ни од далеку толку многу трофеи како неговите колеги кои беа долго или кратко на клупите на конкурентските екипи, излезе со став:

Мислам дека Челси е првата екипа која трошеше пари што не ги заработи.

Челси беше екипа од втор ранг во Англија, можеби и од трет ранг, според резултатите, иако според базата на навивачи е најпопуларната лондонска екипа и втора на Островот по Манчестер Јунајтед. Челси има најбогати навивачи, тоа е богат кварт.

Челси практично и не постоеше, пред да се појави Жозе Мурињо, кој ја создаде сината револуција која денес е врвен англиски фудбалски клуб. Арсен Венгер е во право за парите, но не и за принципите:

1. Челси трошеше пари кога немаше финансиски фер-плеј, што значи беше дозволено.
2. Челси (Мурињо) купуваше играчи од „втора“ класа и ги направи првокласни ѕвезди.
3. И потоа, Челси повторно купуваше „второразредни“ ѕвезди и градеше тимска хемија.
4. Челси купува скапи играчи денес, затоа што веќе нема евтини играчи.

Сега екипите купуваат играчи без покритие (Барселона), купуваат играчи по желба (Манчестер Сити и ПСЖ) и не жалат пари, или ги привлекуваат со харизмата и со традицијата (Реал Мадрид).

Дали економистот Венгер, кому му беше поважно да работи во финансиски плус отколку да граба трофеи, е во право или не може да ги преболи Фергусон и Мурињо кои му ги „лапаа“ пехарите од пред очи?