Тенис

МЕДВЕДЕВ ЗБЕСНА КОГА ГЛЕДАЧ ГО НАРЕЧЕ „ЛУЗЕР“

Данил Медведев и понатаму е број 1 на АТП листата, а првото место е единствено загрозено од Рафаел Надал, кој со победа во турнирот во Синсинати може сериозно да му се доближи, па дури и да го претекне.

На вчерашниот ден, по завршување на тренинзите и на заминување од тенискиот комплекс, еден од гледачите го нарече Русинот „лузер“, на што Медведев не остана рамнодушен туку се врати да прозбори со дотичниот гледач.

Иако Русинот не можеше да открие кој е човекот кој довикуваше по него, се упати кон делот од каде одекнаа зборовите да му порача истото да го каже додека го гледа во очи.

На ваквата случка, одговори и Ник Кирјос кој изјави:

Однесување на фанови од кое ми се гади. Ова е човекот кој е најдобар во нашиот спорт и фановите треба да покажат малку почит.