Фудбал

КАЗЕМИРО ЌЕ ГО ВРЗЕМЕ И НЕ ГО ДАВАМЕ

Играчот за врска на Реал Мадрид добил телефонски повик од челниците на Манчестер Јунајтед, кои му појасниле дека сакаат тој да потпише за нивниот клуб пред истекот на преодниот рок.

Во меѓувреме, Лука Модриќ и Тони Крос му соопштиле на својот менаџмент дека ќе го врзат Каземиро за столб во Валдебебас, доклку се појави опција тој да биде продаден на друга екипа.

Хeмијата која владее во Реал Мадрид ја донесе европската титула, тригодишна доминација против Барселона и трофеите на домашно тло. Она што владее во Манчестер Јунајтед, е само хаос.

Каземиро им кажал на луѓето од Манчестер дека свртеле на погрешен телефонски број. Дали би си отишле вие од европскиот шампион Реал Мадрид, ако сте на местото на Каземиро?