НАЈБАРАНИОТ ТРЕНЕР ВО МОМЕНТОВ
Објавено на: 27.05.2021
Трансфер пазарот кога се во прашање тренерите е далеку потесен во споредба со фудбалерите, но неколку испразнети тренерски места чекаат да бидат пополнети.
Макс Алергри е човекот кој донесе четири титули во Торино и една во Милано во витрините на Милан, а неговата пауза од тренерските води се чини дека ќе заврши за кратко.
Италијанецот е веќе од поодамна на мета на Реал Мадрид како замена на се повеќе извесното заминување на Зидан, но последните случувања во Италија ги вклучија и Јувентус и Интер во трка по негов ангажман.
Според Газета дело спорт, Алегри е прв избор за потпис на нероаѕурите кои по вчерашното раскинување на договорот со Конте се во потрага по искусен стратег со кој ќе го продолжат победничкиот проект. Од друга страна, Јувентус веќе со недели преговараат со него како би се вратил повторно на Алијанц заменувајќи го Андреа Пирло.
Но според последните најави од шпанска Марка, Алегри е на чекор до потпис до Реал Мадрид.
Three men are in the running to replace Zidane on the Real Madrid bench.https://t.co/N6U7v9Wav1
— MARCA in English (@MARCAinENGLISH) May 26, 2021
Во игра за првата позиција на клупата во Мадрид се и Конте кој од вчера е слободен агент, но и Раул. Како и да е, повеќе од сигурно е дека не очекува возбудливо трансфер лето кога се во прашање и тренерските позиции.