РАЗЛИКАТА МЕЃУ БАРСА И МАНЧЕСТЕР? ОГРОМНА!
Објавено на: 12.08.2022
Ова се два од клубовите кои се дел од клубот на великаните во современиот европски фудбал. Манчестер Јунајтед таму припаѓа последните 30-тина години, а Барселона го зацементира своето место во новиот милениум.
Која е разликата меѓу овие два клуба?
Скоро 17 години, навивачите на клубот од Олд Трафорд протестираат против фамилијата Глејзер, која го откупи гигантот и си прави со него што сака, однонсо работи за економска исплатливост, а не за трофеи.
Навивачите на Барса протестираа две години против Бартомеу, го прегласаа на собранието кое одлучува за структурите на клубот и сега градат платформа од почеток, иако моментално се во финансиски незавидна ситуација.
Ја забележувате разликата?
