ЈАС ПАГАВ ВО ДЕПРЕСИЈА, ДЕНЕШНИВЕ ПРАВАТ СЕЛФИЊА
Објавено на: 13.08.2022
Современиот фудбал носи подобрувања на играта, сам по себе со оглед на развојот на сите аспекти од животот на човекот. Модерниот спорт има многу унапредувања, но носи и дел од новите „нечовечки“ елементи.

Според Џенаро Гатусо, во модерниот фудбал ја нема емоцијата која беше главен двигател на играчите од претходните децении. Во минатото, до пред 15-тина години, не беше реткост по загубен меч, цела екипа да не излегува од дома:
Јас, кога ќе загубев натпревар, паѓав во стадиум на фрустрација. Денешниве фудбалери, кога ќе загубат прават селфи и го закачуваат на Интернет.
Ми се гади од овие постапки! – се зборовите на тренерот на Валенсија.
Некогаш, не толку одамна, фудбалот беше религија, а денес е само бизнис, нели?
