Кошарка

ЛЕБРОН ЌЕ ГИ ПОМИНЕ И ЏОРДАН И СИТЕ

Суперстарот на Лејкерс е пред потпис на нов договор со неговата сегашна екипа, кој ако се случи ќе заокружи една кариера како најбогата во долари во историјата на НБА лигата.

Ако Леброн Џејмс се обврзе на верност кој Лејкерс, тогаш со неговиот нов договор тој ќе заработи вкупно 532 милиона американски долари, што ќе биде рекордна заработувачка во кариерата на еден кошаркар.

Новата екстензија значи дека тој ќе додаде 97 милиони долари на својата играчка сметка. Ако не потпише продолжување, има право на нов тригодишен договор со Лејкерс, но и со кој било друг тим.

Останува ли Леброн во Лејкерс?